За ТАНЕЦ

За ТАНЕЦ

Танец - Душата на Македонија

Симбол на македонската култура и уметност веќе шест децении!

Амбасадор на македонскиот фолклор!

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.

Националната установа за народни игри и песни ансамбл “Танец” е официјано формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолкор. 

Од исклучителна важност се покажало формирањето на ансамблот чие прво претставување надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија) се случило 1950 година во Англија на “Интернационалниот фестивал” во Велс.

Членовите на Танец со изведбата на “Тешкото” ги освојуваат сите можни поени и ја добиваат највисоката награда. Вредно за споменување е фактот дека ниеден ансамбл во целата историја на траење на фестивалот ги нема освоено сите можни поени од страна на жирито. Како најдобар ансамбл, им било овозможено да го продолжат својот престој уште дваесет дена и да одржат концерти низ цела Англија.

За успехот на “Танец” говорат бројните добиени награди и признанија како што се: “11 Октомври”, “Климент Охридски”, наградата од градот Скопје “13 Танец Ноември” како и орденот на заслуги доделен лично од претседателот на Р. Македонија. 

“Танец” има учествувано на над 4500 концерти и подиуми во земјата и во светот пред околу 8 милиони гледачи.

Репертоарот на “Танец” го сочинуваат најубавите игри, песни и оркестарски дела како што се: “Невестинското”, “Тешкото”, “Комитско”, “Чифте Чамче”, “Осоговка” и многу други бисери на македонскот народно творештво.

Во својата културна мисија ансамблот “Танец” остварува контакти со македонската емиграција во странство, настапува и континуирано им помага во зачувувањето на македонската културна традиција.

На просторите на поранешна Југославија широко распространета беше поговорката: “Кога поминуваш низ Босна немој да пееш, кога поминуваш преку Србија немој да играш, кога поминуваш преку Македонија немој ниту да играш ниту да пееш бидејќи ќе бидеш и натпеан и надигран.” 

Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа не води во тунелот на времето.

Со еден збор ансамблот “Танец” претставува подвижна енциклопедија на македонскиот народ.

 

Прилог: