ЗА ТАНЕЦ
НОВОСТИ
ТАНЕЦ И МЕДИУМИТЕ
ТАНЕЦ ИЗДАВАШТВО
ГАЛЕРИЈА
РЕПЕРТОАР
КОНЦЕРТИ
ПРАВНА РАМКА
КОНТАКТИ
 
 

ТАНЕЦ РЕПЕРТОАР

СПИСОК НА КОРЕОГРАФИИ И АВТОРИ-ТАНЕЦ

Емануел Мане Чучков - ”Комитско”
Трајко Прокопиев - ”Невестинско”
Атанас Коларовски -”Драчевка”
Глигор Василев, музика Трајко Прокопиев - ”Седенка”, ”Цвеќеберачка”, ”Овчеполка”
Дојчин Матевски, музика Ѓорѓи Димчевски (на ”Ѓурѓовденка”) - ”Тешкото”, ”Ѓурѓовденка”, ”Чифте Чамче”
Митко Алексов, музика Ѓорѓи Димчевски - ”Осоговка”, ”Жетварка”, ”Тешка крстачка”
Јонче Христовски, музика Ѓорѓи Димчевски - ”Мариовска тресеница”
Душко Георгиевски, музика Ѓорѓи Димчевски - ”Тропнало оро”, ”Русалии”
Благоја Филиповски, музика Ѓорѓи Димчевски, Р. Галевски, и Т. Цветковски - ”Свадба”, ”Солунка”
Цветко Мицевски, музика Кочо Петровски - ”Шопска петорка”
Динчо Ефтимов - Арамиско”
Тодор Јованов - ”Охридски бранувања”, ”Илинден”
Стојче Каранфиловски - ”Пиринско пролетно цвеќе”, ”Преспански игри”
Владо Станоевски, музика С. Костовски и К. Зифовски- ”Старо тешко”,”Два танца”.”Рудо јагне”
Блаже Палчевски, музика Ѓорѓи Димчевски - ”Водарки”
Светлана Ќириќ, музика Драган Даутовски - ”Џамала”, ”Водичарки”

 

КОПАЧКА е изворно, машко соборско оро со трудов карактер. Има четири основни ритмички и играчки целини: Шетаница, Ситно, Префрлачка и Копачка, кои на знак на ороводецот се менуваат и се повторуваат. Карактеристично за ова оро е играњето на цело стопало, специфично за овој регион од Македонија. По карактер брзо и темпераментно, Копачка е оро што го доловува обработувањето на земјата, копањето и риењето. Орото е поставено во изворна форма.

 

КОПАЧИЈА е оро кое потекнува од областа Копачка,Кичевско,Западна Македонија.Машките ора се разликуваат од женските ора,во кои се вплетени обичаи,фолклор на богати носии и слично,од овој регион.Тука се вбројуваат ората Четворка,Малесора,Свекрвино оро и други,а како песни се присутни Ангелино моме и други.

:: видео (6.42 MB)

 

ЖЕНСКО ЧАМЧЕ е соборско женско оро кое припаѓа на типот ора наречени “Чамчиња”. Ваквите ора започнуваат бавно, достоинствно и слободно, со смирени чекори кои во вториот, ритмичен дел се забрзуваат. Орото се придружува со Чалгиски оркестар кој им дава посебна убавина на движењата. На репертоарот на Танец орото Женско Чамче се обнови по подолг период.

:: видео (5.35 MB)

ЕГЕЈСКО - инспирирана од богатиот играорен и музички фолклор од Егејска Македонија,поконкретно од Костурско.оваа кореографија навистина во целост го покажува стилот на машко и женско народно играње од овој крај.Низ карактеристичните женски ора Бајраче и Женското и машкото оро едноставно наречено Машко,впечатлива е елеганцијата и грациозноста на играњето,но и на носиите.Постановката започнува со карактеристичната Костурска песна Мори одајо шарена,а завршува со веселото и разиграно,но повторно грациозно мешано оро Кршалми.

:: видео (7.60 MB)

ТРОПНАЛО ОРО - Кореографијата на ова оро е мешана постановка,инспирирана од позната истоимена народна песна од Скопско.Низ сплет од народни песни и ора од скопската котлина и Повардарието,постановката ја прикажува веселбата на младите,кои низ ората Старо Тиквешко,Женско Крстено,Кавадарка и др.,се надигруваат и го доловуваат карактеристичниот средселски простор.


:: видео (7.55 MB)

ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ - Кореографска постановка на Стојче Каранфилов и музичка обработка Каранфилов и Стојанче Костовски,инспирирана од богатиот фолклор од Разлошкиот крај на Пиринска Македонија.Кореографијата изобилува со елементи кои го отсликуваат фолклорниот дух на овој дел од етничка Македонија.

:: видео (4.65 MB)

 

НЕВЕСТИНСКО - Кореографска постановка и музичка обработка на Трајко Прокопиев кое е сосема малку стилизирано од оргиналното женско оро,пандан на машкото оро Тешкото,кое потекнува од мијачкиот крај на западна Македонија.Овде,јасно е покажана достоинственоста,гордоста и убавината на македонската невеста.И покрај едноставноста во чекорот,стилот на играње и пребогатата носија оставаат длабок впечаток.



ЧИФТЕ ЧАМЧЕ е старо македонско оро од битолскиот регион,кое стилски припаѓа на типот на тешки ора,а жанровски на таканаречените чамчиња кои се играат низ цела етничка Македонија.Играта изобилува со архаични елементи,со одредено ориентално влијание кое најпрво се препознава во самото име на орото.Интересно е дека ова оро,како старо,тешко и специфично се среќава не само кај македонците,туку и кај другите народности како турците,ромите и други,секако во поодредени варијанти.Под звукот на зурлите и тапанот,карактеристична придружба за машките чамчиња,ЧИФТЕ ЧАМЧЕ е едно од најимпресивните игри на репертоарот на Танец.


СЕДЕНКА е кореографска обработка инспирирана од богатиот фолклор од источна Македонија.На средселскиот собор,на седенка,двајца ергени се натпреваруваат и ја освојуваат љубовта на убавата мома Стојна и целото дејствие,се разбира,се одвива низ игра и песна карактеристична за овој крај.

:: видео (5.42MB)


КАЛАЈЏИСКО - Кореографска постановка на Атанас Коларовски, музичка обработка на Трајко Прокопиев,инспирирана од калајџискиот занает во Македонија.Низ веселата и динамична игра авторите го прикажуваат овој занает кој особено бил познат во Велес и неговата околина од каде се земени и основните чекори.

:: видео (7.33MB)



ВОДАРКИ - Женска кореографска постановка на Блаже Велевски и музичка обработка на Ѓорѓи Димчевски,во која е прикажан дел од секојдневниот социјален живот на девојките,односно нивното одење на вода..Оваа постановка е склоп од различни игри и елементи од повеќе региони во Македонија.Носијата е од Полог,а ората кои се играат потекнуваат претежно од источна Македонија.

:: видео (4.93MB)

КОМИТСКО - Кореографијата и музичката обработка е на Емануел Чучков,кои претставуваат дел од богатата македонска историја поврзана со револуционерниот период.Во оваа кореографија мошне сликовито е прикажана гордоста и патриотизмот како едни од најголемите принципи во борбата на комитите.Основните чекори на оваа постановка се земени од комитското оро од штипско.

 

СВАДБА - Кореографска постановка на Благојче Филиповски и музичка обработка на Ратко Гелевски и Томе Цветановски,која представува своевидна фолклорна драма инспирирана од најбитниот момент во човековиот живот.Низ обичаите,песните и игрите во целост е доловен духот на македонската свадба конкретно инспирирана од Скопскиот регион.

:: видео (11.93MB)

ЃУЃОРВДЕН - Кореографска постановка на Дојчин Матевски и музичка обработка на Ѓорѓи Димчевски,која представува сплет од повеќе фолклорни карактеристики на македонското поднебје,поврзани со празнувањето на најголемиот пролетен празник Ѓурѓовден.Овој празник го празнувале девојките кои пееле песни за плодност и здравје,но и овчарите кои на овој ден заминувале на планинските пасишта.

:: видео (8.49MB)


ДРАЧЕВКА - Кореографска постановка на Атанас Коларовски и музичка обработка на Трајко Прокопиев,која опфаќа карактеристични песни и игри од скопската околија,низ кои се прикажани динамичноста и веселбата на средселските собори од овој регион.

:: видео (6.29MB)



ОСОГОВКА - Кореографска постановка на Митко Алексов и музичка обработка на Ѓорѓи Димчевски,која представува сплет на повеќе машки игри од источна Македонија.Во оваа игра пред с# е даден акцент на надигрувањето на машките групи кое воедно претставува и нивна иницијација во созревањето.





ВЕЛИГДЕНСКО ОРО - Авторско дело на Милан Завков во народен дух,инспирирано од богатиот македонски инструментален фолклор,преку кое инструменталистите ја покажуваат сета своја умешност и виртуозност.

 



СРЕД СЕЛО - Кореографска и музичка обработка на Тодор Јованов
Сред село представува мешана стилизирана кореографска постановка која според стилските и музички карактеристкити се вбројува во кореографиите од Повардарие. Низ неколку карактеристични соборски песни и игри, кореорафијата го представува секојдневниот селски живот и случувањата на сред село како центар на социјалниот живот на младите.
Песни: Ова е село, Ситен камен до камена (Скопска околина), Сношти те пратив на вода ќерко, Што собор ми се собрало (Западна Македонија).

МАРИОВСКА ТРЕСЕНИЦА е една од од постарите кореографски постановки на Танец.Оваа женска игра,со потекло од Мариово,е инспририрана од обичаите кои жените ги вршеле на Чисти Понеделник,пред велигденските пости кога се чистела  цела куќа.Посебно импресивен дел од постановката се оргиналните богати носии од мариовскиот крај,како и музиката која ја изведува Чалгискиот состав.

 


ЖЕТВАРКА е помасовна мешана кореографска постановка инспирирна од жетварската дејност. Преку ората, дејствијата и песните се најавува обредно-обичајниот карактер на играта во која се опишува почетокот и крајот на жетвата и ритуалите за добра, безбедна и плодна жетва. Финалето го опишува селскиот собор на крајот од жетвата и е инспирирано од ората Пољачко и Потрчулка кои потекнуваат од Овчеполие.
Песни: Узреала бела пченица, Зажниј Јано мори најнапред, Пејале ми пејале, Остана ти крива коза, Повеј повеј ветре, Што ми е мерак пољак да бидам.

:: видео (8.16MB)

ПРЕСПАНСКИ ИГРИ е една од поновите кореографски постановки на Танец,за која авторите се инспирирале од богатиот фолклор од Преспанскиот дел на Егејска Македонија.Притоа,особено до израз доаѓа грациозноста и убавината на ората,богатсвото на музиката и специфичноста на носиите.

:: видео (6.65MB)


ЏАМАЛА  И ВОДИЧАРКИ се едни од поновите обредни кореографски постановки на Танец,поставени во 1996.Кореографската обработка е на Светлана Ќириќ,а музичката на Драган Даутовски.Тука,како инспирација послужиле зимските машки поворки кои се сретнувале,кои сеуште се одржуваат во Македонија,под името Џамалари,Василичари,Бабари и Сурвари.Поворките се одржуваат во текот на таканаречените некрстени денови,од Божиќ до Водици празниците.Најчесто,се случуваат на Стара Нова Година.Основната порака на постановката е за оплодувањето помеѓу небото и земјата,за машкоста на ергените и за богат род истотака.Водичарки се пак женски поворки што се одржуваат на празникот Св.Јован Богојавление.Девојките го обиколуваат селото од десно на лево,притоа пеејќи обредни песни за секој член од семејството со намера да обезбедат здравје,плодност и напредок на целото село во текот на годината.Конкретната инспирација за овие постановки е од случувањата од Скопската котлина.

БРКАЊЕ НА ЧУМАТА - Како обичај ова е денес сосема исчезнато.Своевремено се одржувал во летниот период,пред почетокот на летната работа во полето.Основниот драмски елемент е истерувањето злото и овозможување на лесна и сигурна работа.Кореографската и музичка обработка се на Тоде Јованов.Извиците во песната и чукањето со машините во текот на обичајот имаат фунција да ги избркаат духовите што е можно подалеку од селото.

 

РУСАЈЛИИ претставува обредна игра,којашто е можеби и најинтересната и најчудната игра во целиот свет.Карактеристична е за гевгелискиот регион и тоа само во време на таканаречените Некрстени Денови,помеѓу Божик и Бадник.Русајлиите одат наоколу облечени во црно,грижливо заштитени од лошите  и зли духови.Играта е длабока и симболична и претсавува борба со злото,бранејќи ги луѓето и Земјата.Се одвивала пред секоја куќа со болни,во секое село.За општо добро,била пораката на оваа единствена машка игра.Собраните пари и подароци биле наменети за добробит на селото,за цркви,болници и слично.Специфични се носиите,со голем крст околу вратот,за заштита.Ако две групи на Русајлии се сретнеле,се случувала борба и судар до смрт.Ако успеале да се договорат некако,послабиот проаѓал под мантијата на појакиот.Овде,Танец ни симболизира кореографија на борба помеѓу две групи на Русајлии.

ПОРЕЧКИ ИГРИ

:: видео (5.08MB)

 



 ТЕШКОТО е уметнички најсилното и највозбудливото македонско машко оро. Потекнува од Западна Македонија (Лазарполе). Ова е едно до првите ора на репертоарот на Танец со кое во далечната 1950 година ансамблот ги возбуди „студените” Англичани и ја освои првата награда на фестивалот во Ланголен. Танец, всушност, го изгради имиџот на ова оро. Сликата на ороводецот клекнат на тапанот е најчестата асоцијација врзана со него. Тешкото е оро што никогаш не може да се одигра двапати на ист начин. Играта зависи од вештината на ороводецот. Во Лазарополе ороводецот плаќал за привелегијата да го води орото. За разлика од другите игри, во својата основна концепција (бавен рубато почеток, забрзување до фуриозо) Тешкото до сега не доживеало никаква трансформација.

:: видео (12.29MB)

 

Вокалниот дел од програмата на Танец представува избор на песни од поднебјето на цела етничка Македонија,при што се застапени изведби со разни жанровски и стилски карактеристики.Преку нив може да се почувствуваат најдлабоките и исконски созвучја и мелодии кои со векови се создавале и негувале на ова поднебје.Повеќето од песните се испеани акапела во својот оргинален начин на изведба,а и голем дел од нив со инструментална придружба.Често,при настапите на Танец ,реномирани пеачи и пејачки од македонската естрада учествуваат при исполнување на овие убави изворни македонски песни,како Тоше Проески,Сузана Спасовска итн.Ова се дел од песните кои ги изведува Танец на својот репертоар.


Не пиј Недо вода и Море сон сонила Царица Милица се машки двогласни песни кои се пеат во тетовскиот крај,кој содржи и одредени влијаниа од албанското пеење.Сепак,созвучјата кои се создаваат во исполнувањето на овие песни несомнено се дел од македонската вокална машка традиција која денес на ваков начин се негува само уште на овие простори.


Ој Јеленчице е женска двогласна песна која потекнува од регионот на Скопска Блатија и по своите карактеристики е представник за женското пеење од овој крај.


Ѓурѓице кадан јубава- женска обредна песна,ѓурѓовденска,која се пее во источна Македонија,поточно,во радовишкиот крај.Девојките ја пеат оваа песна во моментот на залулување,за здравје,на Ѓурѓовден.Двогласноста и карактеристичниот збиен звук ја потврдува нејзината длабока обредност кој и ден денес се сретнува во радовишкиот крај.


Ивано, Иван девојко - женска обредна жетварска песна која потекнува од Источна Македонија. Долгото надолно извикување во оваа песна е карактеристично за жетварското просторно пеење од овој дел на Македонија.


Бела денице море -машка двогласна песна од радовишкиот регион,каде ваквиот начин на двогласно пеење сеуште се негува.


Пирин планино-машка двогласна песна со потекло од Пиринска Македонија и со тематика која навлегува во Илинденскиот период на македонската историја.


Стојно ле стоко ле и Лудо ми тера три коњи се женски песни кои потекнуваат од Егејска Македонија,поточно Костурско.  Пеењето од овој крај е мошне карактеристично и е создавано од повеќе влијанија.Сепак,во созвучјата се чувствува еден необичен и оргинален амбиент,кој сепак успеал да го зачува сеќавањето на македонското пеење од овие краеви.

Бојот започна (.mp3 906KB)

Цвеќе цутеше мамо (.mp3 1.01МB)

Давај ме мила мамо, давај ме...(.mp3 842KB)

Излегол Јане Сандански (.mp3 968KB)

Срце ме боли (.mp3 806KB)

Голема благодарност до
НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ